Uncategorized
Вистински мал скандал избувна околу тестот за коронавирусот на турската актерка Алина Боз.
Вториот тест што актерката го направи за само неколку дена – беше негативен! Лекарите тврдат дека актерката не е болна, и дека протоколот е можеби повреден за време на првиот тест, што дал лажен позитивен резултат.
Откако дознале за резултатите, управата на Ај Јапим побарала од Алина да го продолжи „третманот“ дома и да не го открива овој факт, што ја доведува во прашање веродостојноста на безбедносните мерки преземени на сетот. Тестовите на сетот од серијата Love 102 ги спроведе приватна компанија.
By: TV Exposed