Главната актерка од „Се викав Мелек“ по серијата заврши на операција! - Tvserijali - Soprevod

Главната актерка од „Се викав Мелек“ по серијата заврши на операција!

Главната актерка од босфорската драма „Се викав Мелек“, Џансу Дере, од неодамна ја гледаме во серијата со која по подолга пауза се врати на ТВ екраните. Убавата турска актерка патуваше ширум светот и одби доста пониди за снимања, но оваа серија ја освоила уште на првото читање на сценариото.
-Ми се допадна тоа што уште на самиот почеток серијата има заокружена приказна. Нема простор за развлекување и затоа ја има добрата гледаност, вели Џансу. По завршетокот на снимањата кои се случија кон крајот на 2017 година, актерката морала да подледне на операција на зглоб кој со години и задавал мака.

Таа помина неколку месеци во домашно лекување и затоа некое време нема да снима ниеден ангажман.
-Иако беше мала хирушка и интервенција, прилично ме исцрпи. Можеби и не треба да правам толкава пауза, но здравјето ми е најважно. Добив неколку понуди за серии и филмови, но внимателно ги разгледувам за да можам да ја одберам вистинската и да се вратам пред публиката, вели Џансу Дере.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *