Харун од „Парампарче“ : Сé уште се хранам со енергијата на гневот - Tvserijali - Soprevod

Харун од „Парампарче“ : Сé уште се хранам со енергијата на гневот

Бариш Фалај е 45 годишниот актер кој имавме прилика да го запознаеме во серијата „Една силна жена“, мегахитот „Езел“, и во хит серијата „Парампарче“. Бариш не е само добар актер, истовремено е и добар татко и љубовник кој вели дека животна пресвртница е денот кога ја запознал неговата сопруга. Во продолжение интервју со негативецот од турските серии :
Кога ќе ви понудат нова улога, кои критериуми ви овозможуваат да се одлучите?
Се разбира, квалитетот на сценариото е многу важен. Имавме предавања од драматургијата на факултетот и затоа, благодарение на сите наши драги професори од теоријата на театарот, научивме да читаме малку текст. Сметам дека е многу драгоцено кога актерот знае како правилно да го прочита текстот. Кога заклучувам дека текстот е добар и пријатен, гледам колку можам да направам со улогата. Ако верувам дека со неа ќе можам да излезам на крај и дека таа улога ќе разбуди возбудa во мене, се “фрлам” на нејзе!

Што театарот и глумата ве научија за животот?
Сметам дека највредната страна на театарот е дека ни пружа живот каков инаку нема да видите толку лесно. Заради тоа ни донесува потполно различни погледи на животот и тоа е најголемата сила на драмските дела. Ни овозможува полесно да ги перципираме животите за кои сме мислеле дека нема да можеме да ги сватиме и сметам дека развива страшна моќ на издржливост во човекот. Заради тоа сите ние во семејството ги сакаме драмските дела.
Што театарот и глумата ве научија за животот? Сметам дека највредната страна на театарот е дека ни пружа живот каков инаку нема да видите толку лесно. Заради тоа ни донесува потполно различни погледи на животот и тоа е најголемата сила на драмските дела. Ни овозможува полесно да ги перципираме животите за кои сме мислеле дека нема да можеме да ги сватиме и сметам дека развива страшна моќ на издржливост во човекот. Заради тоа сите ние во семејството ги сакаме драмските дела.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *