Керем Бурсин има фан-клуб во Шпанија! - Tvserijali - Soprevod

Керем Бурсин има фан-клуб во Шпанија!

Турскиот актер Керем Бурсин ужива во зголемената популарност. Неговата улога во серијата Чукај на мојата врата и врската со другата главна звезда на таа серија, Ханда Ерчел, го прават уште попопуларен.

Во минатото, Керем честопати беше мета на наслови во медиумите. Во центарот на вниманието беше неговиот лубовен живот, односно врската со неговата колешка Ханда Ерчел. По раскинувањето со Серенај Сарикај, лбовниот живот на Керем не беше во центарот на вниманието како сега. Имаше некои шпекулации, озборувања, но ништо премногу важно. Керем и Ханде станаа предмет на интерес на скоро целата јавност во Турција, а со тоа и на скоро сите новинари. Нивната серија Чукај на мојата врата продолжува наскоро, а интересни информации пристигнуваат од Шпанија.

Како што се испостави, Керем Бурсин е исклучително ценет и почитуван во таа земја. Неговата популарност е толку голема што во Шпанија постои фан-клуб на овој актер. Фан клубот секој ден има се повеќе членови, пишуваат медиумите.

По повод неговиот иден роденден, обожавателите на овој актер решија да направат одличен гест. Тие собраа пари и донираа во фондација за да им помогнат на жените. Беа собрани 40 илјади турски лири и беа уплатени на жиро сметката на оваа фондација.

By: Milt-TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *