„Далеку од дома“, нова прекрасна воена драма на Сител - Tvserijali - Soprevod

„Далеку од дома“, нова прекрасна воена драма на Сител

Ексклузивно на Сител телевизија стартува уште една безвременска приказна која на малите екрани ќе ги врати вашите омилени јунаци Онур и Шехерезад. Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно заедно во нова приказна исполнета со љубов, војни и завери. Во продолжение прочитајте ја содржината на “Далеку од дома” :Капетан Џевдет е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, балканската убавица Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка. За време на балканските војни, испратен е во Солун да служи на одбрана на татковината. Ако некој би го прашал дали радо би избрал одданост на родната земја или сопствениот живот, лесно би добил одговор. Но, доколку соборците и пријатели го прашаат дали татковината би ја ставил пред фамилијата, лесно не би добиле одговор.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *