ГОРКА ЉУБОВ – Нова турска серија на Канал 5 - Tvserijali - Soprevod

ГОРКА ЉУБОВ – Нова турска серија на Канал 5

Мелек – Се викам Мелек. Пораснав со татко ми, во едно мало место покрај морето. Уште како мала почнав да свирам виолина.. По смртта на мајка ми, во звуците на морето и виолината најдов мир и утеха. Но пред се’, татко ми беше силата што ме водеше. Неговата бескрајна љубов и грижа, ми помогнаа да ги пребродам најтешките денови кога останав сираче.Живеев и за музиката.Учев, свирев и копнеев. Голема желба ми беше да свирам пред полна сала. И замислете, добив стипендија за да се дошколувам во Лондон, и животна шанса за мојот сон да го претворам во реалност.Но, пред да заминам за Лондон, се појави Тој – Булут… Нешто големо, чудно и необично почувствував за него. Во неговиот лик имаше црни облаци, а во неговите очи нежност која чека да исплива на површина…

Се вљубив. Како на сон… Како во бајка… Како да е тој човекот на мојот живот… Како да е моја судбина…
Го знаете она чувство на пеперутки во стомакот? Кога си облеан со нежност и кога се’ ти е убаво…? И кога сакаш никогаш да не престане…? Ете така се чувствував јас покрај Булут… Се’ додека не дознав дека Булут е женет…
Тоа страшно сознание, го промени мојот живот… Секако, и животот на татко ми, кого неговата ќерка единица го разочара… Оттогаш, непрестано го чувствувам горчливиот вкус на животот… и љубовта…
Булут – Во живот полн со предизвици, подеми и падови, само љубовта е таа што може да те размрда, да ти го смени правецот, да ти го исполни срцето. Од искуство Ви кажувам…
Се викам Булут. Цел живот се стремам да обезбедам подобра иднина за моето семејство. Затоа напорно учев, се школував, и најпосле ми се исполни желбата да се вработам во фирмата на моќниот Ферман Карадак, кој после смртта на татко ми почна да се грижи за мене и моето семејство.За некако да му се оддолжам за грижата што ја покажа кон нас кога ни беше најтешко, се оженив со неговата ќерка Суде која беше лудо вљубена во мене, но јас не чувствував ништо за неа, ниту тогаш, ниту сега…И така започнав да живеам осаменички живот, без да се смеам, без да се радувам… Мојата единствена грижа беше само напредокот во фирмата. И ништо друго!… Се’ додека не се појави Таа – Мелек – ангелот со виолината што ме маѓепса на прв поглед. Толку нежна и мила, со насмевка што ја грее душата. Ах, Мелек… Времето поминато со неа, беше како во некој волшебен свет од кој не сакав да излезам.Но реалноста е сурова. Во мојот живот постои и Суде. А нејзиниот татко чиј живот му го должам, не дозволува прашинка да падне врз неа, а камоли да се разочара неговата разгалена и психички нестабилна ќерка. Мојата битка е тешка, но јас веќе знам. За љубовта вреди да се бориш, без разлика колку ќе е горчлив и тежок тој пат.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *