Први прочитајте ја содржината на новата мега хит серија „Карасевда“ - Tvserijali - Soprevod

Први прочитајте ја содржината на новата мега хит серија „Карасевда“

Љубовната приказна за Кемал и Нихан, секоја вечер ексклузивно на Сител
Многу наскоро, ексклузивно на Сител телевизија стартува нова романтична теленовела која е потенцијален хит за оваа година. “Карасевда” е добитничка на ЕМИ награда за најдобра ТВ новела во светот за 2017 година, многукратно наградувана и најгледана серија на балканските телевизии изминатата и оваа година.


Во продолжение запознајте се со содржината што ја крие “Карасевда” и очекувајте го стартот на хитот за големата тага по бескрајната љубов.

Кемал е едно од трите деца на сиромашната фамилија која живее во еден кварт во Истанбул, наменет за луѓето од средната класа. Вреден, трудољубив и одличен студент, Кемал работи на брод секоја вечер после студиите за рударство каде што има највисок просек во својата генерација. Еден ден, враќајки се од студии, во автобус, сосема случајно ја среќава преубавата Нихан, која комплетно ќе го промени неговиот празен и монотон живот.
Тој не веруваше во чуда, особено не во љубов, но таа средба заекогаш ќе ги промени неговите соништа.

За разлика од Кемал, Нихан припаѓа на богата фамилија, а нејзинииот живот од дете е исполнет со луксуз и гламур. Класната разлика ќе ја направи љубовта меѓу двајцата протагонисти невозможна уште од самиот старт, што ќе кулминира со одлуката на Кемал да го напушти Истанбул и да замине на север во Зонгулдак, мал провинциски град каде што добива работа како архитект во рудник. Денот кога Кемал ќе го напушти родниот дом, ќе биде пресврт во животите на двајата млади, а нивната љубов ќе застане на самиот гребен од морето наречено копнеж.

Кемал е решен да ја заборави жената која ја љуби и максимално се посветува на својата работа со цел да ја извлече својата фамилија од бедата во која живее. Во меѓувреме, Нихан, тажна и разочарана е приморана да се се омажи за младиот и згоден мултимилионер Емир Козџуоглу, кој од дете е заљубен во неа.
Минуваат пет години, но силната љубов меѓу Нихан и Кемал останува незаборавена во нивните срца. Кемал добива големо унапредување и решава да се врати назад во Истанбул, несвесен дека во големиот град на Босфорот ќе мора да се соочи со Нихан и нејзиниот посесивен сопруг Емир. Нихан и Кемал сфаќаат дека животот не може да оди против судбината, ниту против силната љубов која ја чувствуваат еден за друг.
Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Топла и тажна приказна за една црна љубов, приказна за карасевда, незапирлива болка по големата љубов.
Улоги: Burak Özçivit, Neslihan Atagül, Kaan Urgancıoğlu, Kürşat Alnıaçık, Zerrin Tekindor и др.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *