Нова фотографија од синот на Бурак Озчивит – сите велат дека личи на таткото (ФОТО) - Tvserijali - Soprevod

Нова фотографија од синот на Бурак Озчивит – сите велат дека личи на таткото (ФОТО)

Еден од најпосакуваните мажи во светот, според многу жени, се оженил со турско-германската актерка Фахрије Евџен во 2017 година.
Двојката честопати го крие приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Детали од нивниот брак не се познати, иако турските медиуми честопати се занимаваат со разни шпекулации. Актерот кој моментно го толкува ликот на Осман, во серијалот Курулус Осман, повеќе пати истакна дека е среќен во бракот и ужива во заедницата со подобрата половина.

Неговата сопруга Фахрије Евџен на својот Инстаграм профил објави фотографија со нивниот син, малиот Каран. Во описот на фотографијата, таа се пошегува и напиша:

– Ние изгледаме сериозни како таткото.

Фотографијата се сретна со воодушевување на фановите на оваа двојка, а сите се согласуваат дека Каран е ист татко. Дали го делите тоа мислење? Пишете ни во коментарите.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *