Uncategorized
Најпрвин го гледавме во турската серија „Љубовта на мојот живот“ како Демир, а пак сега ја има улогата на архитектот Ајаз во „Сезона на црешите“ каде игра заедно со својата сакана Озге Гурел која ја има улогата на Ојку.
Она што е познато за убавиот Серкан Чајоглу е дека е роден во Германија, но завршува студии по економија во Турција каде живее и ден денес. По снимањето на серијата „Сезона на црешите“ во 2014 година, неговата популарност дополнително расте, а добива и се поголем број на ангажмани како модел, па неговото лице редовно осамнува на насловните страници на модните магазини и едиторијали.
Иако долго време е во врска со Озге, тие се уште не ја официјализирале врската иако неодамна изјавија дека тоа ќе се слулчи наскоро.Инаку, Серкан има брат близнак, веројатно двојајчен со кого не се идентични, а во своите објави на социјалните мрежи редовно го покажува и своето смеејство.
Еве како изгледаат: