Ѓаволот ќе носи Прада во „Забрането јаболко” на Канал 5 - Tvserijali - Soprevod

Ѓаволот ќе носи Прада во „Забрането јаболко” на Канал 5

Канал 5 телевизија започна со најава на најновата модерна турска драма „Забрането јаболко”.Доаѓаат деновите кога ќе ја запознаете Дамата на турскиот престиж и ќе останете маѓепсани од лажниот сјај на дијамантите. Доаѓа време на љубов, интриги и опасни игри во богатата империја на Босфорот. Доаѓаат месеците во кои ќе се восхитите од Ендер, жената за која многумина ќе кажат дека е ѓаволот кој носи прада;. Жената која ќе гази сѐ пред себе. Жената без влакна на јазикот. Онаа која ја диктира најновата мода во Истанбул и ги организира најлуксузните забави на Босфорот. Една прекрасна турска серија којашто сеуште се прикажува на турскиот тв канал ФОКС…
Превземено од tvpaket.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *