Uncategorized
Турскиот актер Чаглар Ертугрул неодамна во интервју за магазинот „Hurriyet“ зборуваше за своите ставови кои се однесуваат на жените, бракот, социјалните медиуми… Тој исто така откри и каква треба да биде жената што ќе го привлече: -Мора да биде културна и нежна. Мора да биде социјално освестена. Сметам дека паметните девојки кои цврсто стојат на земја се многу привлечни, вели Чаглар. Сега, неколку месеци по интервјуто, турските фото-репортери го зачекаа на улиците низ Истанбул, фатен рака за рака со својата нова девојка. За разлика од повеќето турски актери, Чаглар е еден од ретките кој не е во врска со колешка. Нејзиниот идентитет засега е непознат, но двојката својата љубов веќе ја покажува јавно.