Турски глумци: Преку скандали до богатство – ќе ви се сврти во главата од сумата која ја заработуваат од само една епизода! - Tvserijali - Soprevod

Турски глумци: Преку скандали до богатство – ќе ви се сврти во главата од сумата која ја заработуваат од само една епизода!

На турската актерска сцена најплатени се оние кои креваат најмногу прашина во таблоидите! Но, што се случува кога скандалите стануваат поголеми од талентот? Секогаш има исклучоци од кои хонорарот им е фиксен независно од приватниот живот, па така и меѓу турските актери. Сепак, откога на Балканот заживеаја турските серии, актерите од петини жили се трудат доволно да ги интригираат медиумите за случувањата од својот приватен живот, а со тоа да добијат повисок хонорар.


Нергул Јесличај е толку популарна што бара да биде исплатена неколку епизоди однапред. Хонорарот изнесува меѓу 20 и 25 илјади евра по епизода. Кога во 2010 година се разведе од Џем Озер, се дозна дека преживуваше пекол во бракот што секако и ја донесе сегашната слава.

Мерием Узерли и Халит Ергенч, си обезбедија одлична плата. Халит на почетокот беше познат како Сулејман Вечиленствениот, а кога се ожени со колешката од „1001 ноќ“ , Бергузар Корел, цената му скокна на 20 илјади евра. Неговата колешка Мерием Узерли на почетокот добивала хонорар од 4 илјади евра по епизода, а поради гласините дека бракот на Халит се распаѓа поради неа, се покачи на осум, па на 15 илјади евра.

Убавата Џансу Дере е една од ретките чие појавување во серија и гарантира скок на популарноста. По серијата „Езел“, Џансу имаше прилика своето гостување во „Сулејман величенствениот“ да го наплати по 15 илјади евра од епизода, што е сума која ја заработува главната актерка во сеијата, што дополнително и го подигна рејтингот на Џансу.

И на крајот, Еркан Петекаја и Ајча Бингол, се доказ дека славата и богатството се постигнуваат и без скандали. Двајцата фантастично ги одиграа своите улоги во серијата „Кога лисјата паѓаат“ каде добиваа хонорар од 19 илјади евра по епизода. Но потоа и еркан влезе во скандал со колешката Нурјул Јесличај за време на снимањето на серијата „Парампарче“, по што јасно е дека паричникот му се здебелил./Vistina.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *