Тешко кој би го препознал Онур од „Наследници“ три години по снимањето на серијата (фото) - Tvserijali - Soprevod

Тешко кој би го препознал Онур од „Наследници“ три години по снимањето на серијата (фото)

Турскиот актер Фуркан Палали или попознат како Онур од серијата „Број 309“ или како што се емитува кај нас под името „Наследници“, е вистински камелеон кога се во прашање трансформациите пред филмската камера. На Фуркан улогата на богатиот Онур му беше прва во неговата актерска кариера, а по се изгледа дека истата му донесе и нови филмски проекти. Поминаа три години од снимањето на споменатата серија, а шармантниот и харизматичен турски актер, сега доби нова улога во серијата насловена „Benim Tatli Yalanim“. Од најновите фотографии и снимки кои може да се видат на социјалните мрежи, Фуркан изгледа тотално поразлично, со подолга коса и брада кои му го сменија личниот опис. Инаку, овој млад турски заводник во 2012 година беше избран за најдобар машки модел во Турција.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *