Ранко од „Чиста љубов“ како во серијата, така и во реалноста стана татко – бебето доби име уникатно име - Tvserijali - Soprevod

Ранко од „Чиста љубов“ како во серијата, така и во реалноста стана татко – бебето доби име уникатно име

Пред само некој ден заврши серијата „Чиста љубов“, а од последната епизода еден од главните ликови, Ранко Новак или актерот Момчило Оташевиќ стана татко, односно го доби своето дете во свои раце. Имено, како во серијата, така и во приватноста актерот за првпат се реализираше во улогата на родител. Неговата сопруга Јелена Перчин на свет донесе девојче, а породувањето е извршено во загребската Петрова болница. Гордите родители на наследничката и го дадоа името Маша, а популарниот актер за време на породувањето цело време бил крај својата сакана, а кога ја здогледал својата ќерка заплакал. Инаку Маша е прво дете на Момчило, а второ на Јелена, со оглед на тоа дека хрватската актерка од првиот брак ја има ќерката Лота.


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *