Uncategorized
Сега кога летото ни е зад аголот , сите почнуваат да работат на својот изглед. Некои се ставија на ригорозни диети, некои започнаа со интензивни тренинзи во теретана а Дуа Липа ја скрати својата коса. Со својата нова фризура пејачката се пофали на инстаграм. Ова лето таа се одлучила да ја носи познатата фризура Боб , која што мораме да признаеме дека и стои одлично и таа делува прилично освежено.Нејзините фанови оваа промена на нејзината коса ја оценија како многу позитивна промена. Боб е една од најпопуларните фризури последниве неколку години , и се чини дека и оваа сезона ќе се задржи на топ листата. Ова беше потврдено и од други познати дами кои ја носат оваа фризура како Деми Ловато и Јена Деван, на кои сега им се приклучи и прекрасната Дуа Липа.