Uncategorized
Турскиот актер Биркан Сокулу е отров за жени. Тие се луди по него, по неговото кошаркарско минато, актерска иднина и физички изглед за кој се виновни босанските гени. Тој е висок 188 сантиметри, а неговото презиме Сокулу е турска варијанта на босанското Соколовиќ.Неговиот дедо од татковата страна во 50-те години на минатиот век се преселил од Босна во Турција, а во истиот период мигрирало и семејството на неговата мајка.
Тој е во врска со симпатичната актерка Берак Тузунатач (33) која нашата јавност ја запозна по нејзината улога на Михриниса Султан, љубовничката на принцот Мустафа во серијата „Сулејман Величествениот“.