Оваа приказна ќе ве расплаче – трогателната исповед на познатиот туски актер за неговата сакана сопруга која била болна од рак! - Tvserijali - Soprevod

Оваа приказна ќе ве расплаче – трогателната исповед на познатиот туски актер за неговата сакана сопруга која била болна од рак!

Турскиот актер кој се прослави со хит серијата “Кара Севда” во која глуми со Бали бег откри потресна приказна која растажи многумина. Познатиот турски актер и пејач Угур Аслан (45) кој го глуми Зехир во хит серијата „Кара Севда“ во 2014 година поминал низ навистина тешко искуство од кое излегол многу посилен и поцврст. И многу подарежлив. Токму затоа и секоја година одржува концерт во рамките на кампањата за помош на заболените од рак. Бидејќи тој многу добро знае како среќниот и идиличен живот преку ноќ може да се претвори во ноќна мора кога во него ќе влезе стравот дека ќе ја изгубите саканата личност. Неговата приказна за вербата, љубовта, надежта и борбата за спас за неговата сопруга Сена Ергенекон (40), познатата сценаристка која ги потпишува култните „Гумуш“, „Сила“, „Љубов, вера и надеж“, „Карадај“ и ред други, служи како охрабрување и поддршка на сите кои се сретнуваат со тешката болест и пред кои се тешките моменти кои треба да ги пребродат. Во шокот откако ни соопштија дека Сема има рак, отидовме на кафе за да се прибереме. Се чувствував безизлезно, се што сакав да и кажам ми изгледаше глупо, вели Угур во едно интервју.Сема тогаш му кажала „Нема потреба да се воздржуваш пред мене“. Веќе следниот момент почнав да плачам. Потоа по првиот шок дојде ужасен страв, како бомба да експлодираше во нашиот живот. Плачев често, но на никој не можев да му се поверам. Сема минуваше низ фазата на одбивање, па правев се за да не ме исклучи од нејзиниот живот. Бидејќи таа ми е најдрагоценото нешто што го имам – вели актерот.


Кон нив животот и во младоста бил суров, но тие не се предавале. Угур е деветто дете од сиромашно семејство од југот на Турција, поради што за време на школувањето детството го минал низ интернати. Тој без да размислува прифати сам да го издржува семејството кога Сема ја напуштила работата за целосно да му се посвети на пишувањето сценарија. За време од 17 години од нивниот брак таа станува вистинска ѕвезда во својата струка. Но и покрај тоа останува едноставна и вредна и посветена мајка и сопруга, од што Угур и ден денешен е фасциниран. „Кога ја изгубив косата, веѓите, не се осмелував да се погледнам во огледалото, но тој од неговото срце постојано ми повторуваше – Многу си убава, љубов моја.“ Сема и денес откако е излечена за тоа зборува со солзи „Тоа што тој го направи тоа за мене тогаш никогаш нема да го заборавам“.„Многу пати се случуваше да се прегрнеме и заедно да заплачеме. Тоа човекот едноставно не може да го контролира“, вели актерот. Денес болеста е зад нив. Тие се уште се леат од траумите кои што ги преживеале. Станав многу поиздржлив, вели актерот кој често ги толкуваше ликовите на Сема во нејзините серии. „И повторно се вљубив во Сема. Секој ден по илјади пати му се заблагодарувам на Бога што по втор пат ми овозможи да бидам со неа. И секој ден го започнувам со молитва за нејзиното здравје.“





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *