Нова турска серија со една од најпознитите турски актерки ” Ѓулсерен” од” Парампарче” - Tvserijali - Soprevod

Нова турска серија со една од најпознитите турски актерки ” Ѓулсерен” од” Парампарче”

Една од најпознатите турски актерки се враќа на малите екрани во нова трогателна драма. Ѓулсерен од “Парампарче” во најновата турска продукција “Ѓулпери” која започнува во Македонија. Приказна за една жена која по исчезнувањето на нејзиниот маж на фронтот во Сирија е приморана сама да се грижи за нивните три деца. Несреќата доаѓа кога во обид да ја одбрани својата чест, приморана е да го убие деверот. Од тој момент го навлекува гневот на семејството на сопругот и бесот на нејзините деца. Деновите минати зад решетки нема да бидат нејзината најголема казна, туку довербата од децата која е веќе изгубена. Наскоро, ѕвездата од “Султана”, “Бунтовничка”, “Конакот на агата”, “Парампарче” и “Љубов и казна” во нова турска драма на една национална македонска телевизија./Tvpaket.com.mk



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *