Најпосакуваниот турски ерген го смени имиџот,ама и ваков е неодолив за жените! - Tvserijali - Soprevod

Најпосакуваниот турски ерген го смени имиџот,ама и ваков е неодолив за жените!

Еден од најплатените и најбараните турски актери, Бариш Ардуч, или попознат како Омер од серијата „Вљубениот ерген“, денес изгледа доста поразлично отколку во 2016 година кога го играше ликот на дизајнерот на обувки Омер Ипликчи. Денес, не само што е позрел, поискусен и со доста награди од кои и онаа за најдобар европски актер, Бариш разумно ги бира своите следни улоги. Откако го снимаше играниот филм „Време за среќа“ заедно со Елчин Сангу, попозната како црвенокосата Дефне, тој во оваа 2019 година беше активно посветен на снимањето на серијата „Кузгун“ или во превод од турски „Гавран“. Серијата моментално ја има премиерата на втората сезона која се емитува на турската „Стар ТВ“, а Бариш ја има главната улога заедно со убавата актерка Бурчу Биричик која ја игра улогата на Дила во која тој е заљубен. Она што е интересно е дека Ардуч во овој филм е тотално поразличен од романтичниот љубовник кој претходно го гледавме. Сега далеку помаженствен, со покрупна градба, подолга брада, а бидејќи серијата има крими тематика, може да се види и неговата борбена и агресивана страна.Серијата „Кузгун“ токму поради Бариш е вистински хит, а фановите со нетрпение ги очекуваат новите епизоди.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *