За Јагиз, луѓето што прават селфиња се нарциси и се одбивни - Tvserijali - Soprevod

За Јагиз, луѓето што прават селфиња се нарциси и се одбивни

Чаглар Ертугрул е турски актер за кого веќе пишувавме, а периодов е особено актуелен по улогата во популарната телевизиска серија “Ќерките на Фазилет” каде го глуми Јагиз, богатиот ерген со ледено срце.Освен во овој хит, актерот ни е познат и по улогите во „Не тагувај по мене“ (Синан) и „Снеговите на љубовта“ (Јусуф). Во краткото интервју, Јагиз проговори за љубовниот живот. Во продолжение погледнете што одговори тој на поставените прашања:

Каква треба да биде жената за да ве привлече?

– Мора да биде културна, нежна и друштвена личност. Верувам дека паметните девојки кои цврсто стојат на земја се многу привлечни.

Што ќе кажете доколку споменеме брак и љубов?

– Секогаш сум за љубов и почитување.

А што би избрале, брак или ергенски живот?

– Би го пропуштил тоа прашање. Бракот има свои добри страни, како и самечкиот живот, кој ти дава можност да го одмориш мозокот. Секако дека поимот за основање на семејството дава убаво чувство, барем така мислам, не знам.

Дали сте љубоморен тип, не само во љубовта туку и генерално?

– Не сум веќе толку љубоморен како што бев додека одев во училиште и додека студирав. Сега прифаќам се ако што е, немам сила да менувам некого и да се мешам во нечии работи.

Каков е вашиот однос спрема друштвените мрежи?

– Да е до мене, би ги избришал сите профили од друштвените мрежи. Меѓутоа нашата работа бара да бидеме изложени на јавноста. Понекогаш безволно прикачувам по некое селфи, но сметам дека луѓето кои секојдневно прикачуваат селфија се нарциси и одбивни ми се. /Tvpaket.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *