Uncategorized
Турската серија “Парампарче” од самата премиера на Сител успеа да собере огромен број на гледачи пред телевизиските екрани кои секојдневно ја следат интригантната приказна за заменетите ќерки и распарчените семејства.
Ликот на таткото Џихан, мајките Ѓулсерен и Дилара и ќерките Хазал и Џансу станаа омилени ликови во милиони домови ширум Балканот, во арапските земји, а серијата се емитува и на државната телевизија во Шведска.
“Парампарче” е сторија за две несреќни судбини чии два различни света повторно ќе се вкрстат; од една страна е светот на сиромашната и самохрана мајка, а од друга несреќниот свет на богатиот и оженет бизнисмен.
Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено.
Во борбата за вистината и во големото страдање, ќе може ли да ја откријат својата среќа? Ќе може ли да се засака друга мајка, освен онаа со која сме израснале? Што е подготвена една мајка да направи во име на љубовта кон своето дете?
При крајот на втората сезона не очекуваат интересни случки и многу акција. При обид да го спаси својот син Озан, од мафијата, Харун ќе прими куршум и останува да видиме дали ќе почине или ќе успее да се спаси. Што ве очекува до крајот на серијата Парампарче и со другите актери ќе дознаете наскоро.