Uncategorized
Познатиот актер од хит серијата “Вљубениот Ерген”, Бариш Ардуц ќе се врати повторно на екранот. Се смета дека во истиот проект со него ќе биде и актерот Арас Булут. Тие ќе играат во овој филм како двајца пријатели кои ќе се заљубаат во истата девојка.Арас Булут моментално има 27 години и играл во многу серии како што се Сулејман Величенствениот, Бурни Времиња, Инсајдер и други.
За Бариш нема потреба да се зборува премногу. Тој е еден од најомилените актери за македонската јавност. По враќањето од Тајланд, каде што доби предавања за боречки вештини, Бариш е подготвен да им се врати на сериалите.