Актерот Исмаил Филиз ја потврди добрата вест - Tvserijali - Soprevod

Актерот Исмаил Филиз ја потврди добрата вест

Турските новинари вчера се сретнаа со актерот Исмаил Филиз во еден од трговските центри „ИстињеПарк“.
Тие го замолија за кратко интервју, на кое Исмаил се согласи. Актерот зборуваше за работата, и дека се подготвува да се врати на ТВ екраните. Покрај работата и кариерата, Филиз потврди и една вест од неговиот приватен живот. Ова е добра вест, Исмаил наскоро ќе стане татко, што му предизвикува посебна возбуда.

Последното забележително дело на кое работеше актерот беше во серијата Мухтесем Јузиил: Кесем, каде го играше ликот на Абаза Мехмет Пасе. Пред тоа глумеше и во серијата Милат, а постарите го паметат од серијата Езел каде го играше Омер Учар.

Оваа година, Исмаил заврши со снимањето на проектот Аданис: Кутсал Кавга, каде го игра главниот лик по име Илхан.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *