Uncategorized
Турската актерка Џансу Тосун сподели загрижувачки вести на социјалните мрежи.
Според актерката, нејзината баба била хоспитализирана со дијагноза на коронавирус. Бабата на Џансу ги почувствувала симптомите карактеристични за коронавирусот, нејзината состојба набргу се влошила, по што била тестирана за Ковид19, а тестот бил позитивен. После тоа, таа за кратко време беше примена во болница за понатамошно лекување. Актерката ги замоли сите да одржуваат социјална дистанца и да се грижат за своите најблиски.
Сите нејзини молитви сега се насочени кон лекување на нејзината баба.
By: TV Exposed