Хазан од „Ќерките на Фазилет“ се омажи со познат турски пејач, а вака изгледаше на свршувачката (фото) - Tvserijali - Soprevod

Хазан од „Ќерките на Фазилет“ се омажи со познат турски пејач, а вака изгледаше на свршувачката (фото)

Младата турска актерка Дениз Бајсал гледачите на турските серии ја запознаа како убавата Хазан, ќерката на Фазилет, од истоимената серија. Нејзината улога е повлечена девојка која сиромаштијата и лошиот живот ја тераат само да ја зачува својата чест, онаа на мајка си и семејството. Инаку, Дениз е родена 1991 година, а од своја 10 годишна возраст оваа турска убавица е на театарската сцена во Измир. Таа исто така досега работела и како учителка по глума, а со актерство почнала сериозно да се занимава откако нејзината професорка ја натерала на тоа. Во ноември 2018 година таа се свршува со својот избраник Барис Јутчу кој е пејач во турската група „Колпа“.Нивната свадба ќе се случи претстојното лето, а вака изгледаа на свршувачката кога ги разменија прстените.







Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *