Uncategorized
Турската актерка Хазал Каја му даде поддршка на Шевал Шахин.
Шахин се најде во центарот на вниманието, и брзо стана предмет на потсмев во Турција кога се покажа во една шоу ТВ-емисија. Шевал не покажа завидно знаење за некои основни и лесни прашања и поради тоа многумина ја осудија и почнаа да се шегуваат на сметка на неа. Меѓу првите луѓе што ја поддржаа беше актерката Хазал Каја. Хазал обезбеди поддршка јавно, преку нејзините социјални мрежи.
Од друга страна, Мис на Турција од 2018 година најави тужби против турскиот огранок на Си-Ен-Ен на кои се емитуваше контроверзната ТВ-емисија. Тие објавија комплетно интервју, без скратените сцени што беа претходно договорени. Токму поради тие сцени што требаше да се скратат, Шевал стана главна тема и предмет на потсмев од многумина во Турција.
By: TV Exposed