Убавата Неџла имаше проблем со вишокот килограми по породувањето, а сега се пофали дека повторно е во топ форма (фото) - Tvserijali - Soprevod

Убавата Неџла имаше проблем со вишокот килограми по породувањето, а сега се пофали дека повторно е во топ форма (фото)

Актерот Бурак Озчивит и неговата сопруга, актерката Фахрие Евџан во месец април за првпат се остварија во улогата на родители и го добија синот Каран. Мама Фахрие паузира од работа и е посветена на бебето, додека тато Бурак напорно работеше за нив и деновиве имаше промоција на новата серија каде ја има главната улога. Додека за Бурак се пишува за неговиот нов филмски проект, за Фахрие пак тема е нејзиниот изглед, односно вишкот килограми со кои се соочуваше по породувањето. Иако во бременоста имаше само нараснато трудничко стомаче, во постпородилниот период таа поприлично ги начаки килограмите. Поминаа само неколку месеци откако се појавија фотографиите на кои изгледа буцкасто, а веќе деновиве таа на својот Инстаграм се пофали со нови фотографии на кои изгледа одлично и повторно е во топ форма. Дали тоа што за брзо ја врати линијата е поради нова филмска улога, останува да видиме…





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *