Убавата Асу од „Карасевда“ се раздели од своето познато момче по 10 години врска (фото) - Tvserijali - Soprevod

Убавата Асу од „Карасевда“ се раздели од своето познато момче по 10 години врска (фото)

Мелиса Асли Памук, турската актерка, модел и победничка на мис Турција и мис на универзум во 2011 година, повторно е слободна. Таа и нејзинот партнер, актерот Толга Сала решиле да стават крај на 10 годишната врска, пишуваат турските медиуми.Тие речиси една деценија живееја заедно, но решиле да ја прекинат романсата и секој да тргне по свој пат.Толга за медиумите ја потврди информацијата и изјавува дека се разделиле на мирен начин и решиле да останат пријатели. Инаку, Мелиса Асли Памук стана попозната по улогата на Асу во хит серијата „Карасевда“.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *