Трудничкиот стамак на сопругата на турскиот актер Бурак Озџевит расте брзо (фото) - Tvserijali - Soprevod

Трудничкиот стамак на сопругата на турскиот актер Бурак Озџевит расте брзо (фото)

Познатата турска актерска двојка, Бурак Озџевит и Фахрие Евџан, следната година ќе станат родители за првпат. Иако пред неколку месеци не сакаа да откриваат детали околу шпекулациите дека чекаат бебе, по некое време решија да потврдат. Бремената актерка која ја познаваме по улогата на Неџла во серијата „Кога лисијата паѓаат“, е активна трудница, а тоа го покажува преку објавите на социјалните мрежи. Овој пат сподели фотографија на која е облечена во кежуал издание пред бесниот џип, а во прв план е нејзиниот труднички стомак кој го држи со раката. Во едно интервју неодамна, Фахрие кажа дека е сосема нормална трудница која нема многу барања, барем засега. Инаку, актерите се венчаа во месец јули 2017 година.



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *