Старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител! - Tvserijali - Soprevod

Старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител!

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите екрани, oвој пат во заедничка серија.Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо влијание во општеството. Господинот Тахсин има две деца – синот Корхан, кој за него претставува големо разочарување, како и ќерката Сухан, која ја сака најмногу на целиот свет.Сухан е успешна и независна девојка, која има свој бизнис со брендирани парфеми, а Корхан е женет со младата и опасна Џахиде, чија единствена цел е да остане бремена и да роди наследник на династијата.Но, таа се плаши дека нејзината золва Сухан може да забремени пред неа и на тој начин да се здобие со право на семејното наследство. Затоа решава и да ја убие Сухан и ќе ѝ намести несреќа со коњ за да загине, но во тоа нема да успее затоа што еден странец ќе ја спаси убавата девојка.Тој странец е русокосиот убавец Џезур, кој со тој подвиг ќе ја добие наклонетоста не само на Сухан, туку и на господинот Тахсин. Но, никој од богатите не ни може да претпостави која е намерата на Џезур. Тој се вратил во гратчето со една и единствена цел – одмазда кон фамилијата Корлудаг поради грешките од минатото за кои го обвинува господинот Тахсин.Џезур е решен да ја одмазди смртта на својот татко, за кого верува дека е убиен од Тахсин, па нема да бира средства да ја стекне довербата на семејството и да го повреди убиецот на татка си, онаму каде најмногу ќе го боли – ќерката Сухан.Но, она што Џезур нема да планира се чувствата кои ќе се родат меѓу него и Сухан. Љубовта меѓу двајцата млади ќе стане посилна од сѐ друго и ќе ја надвладее желбата за одмазда на човекот кој се врати по неговото украдено минато.Од понеделник до петок во 20.50 часот ќе ја следите новата романтична приказна за љубовта родена од силна желба за одмазда. Ѕвездите на “Ѓумуш” и “Аси” во серијата “Украдено минато” – добитничка на интернационалната награда за најдобра теленовела на фестивалот во Сеул.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *