Први фотографии од бремената Шехерезад: Излегуваа од болница со насмеани лица по рутинскиот преглед (фото) - Tvserijali - Soprevod

Први фотографии од бремената Шехерезад: Излегуваа од болница со насмеани лица по рутинскиот преглед (фото)

Една од најплатените и најубавите турски актерки и пејачки, Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, е бремена со второ дете. На почетокот на бременоста, таа и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, криеја дека по вторпат ќе станат родители, но нараснатото стомаче на Бергузар ја откри вистината. Сега папараците им се зад секој чекор, но тие се едни од ретките познати турски двојки кои не ги избегнуваат медиумите. –Како што можеше да прочитате во медиумите. Јас и Халит очекуваме друго дете. Со зборови, не можам да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодариме за вашите добри желби, рече познатата Шехерезада. Така беше и овој пат додека на излегување од болница каде мама Бергузар имаше рутински преглед, позираа пред насобраните медиуми со насмеани лица, очигледно пресреќни од тоа што нивното бебенце кое расте во стомакот напредува одлично. Инаку, Бергузар и Халит веќе го имаат 9 годишниот син Али, а се уште е непознато дали тој ќе добие братче или сестричка.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *