Запознајте ја Мелек – Девојчето кое глуми за Оскар од серијата “Мајка” или “Се викав Мелек” - Tvserijali - Soprevod

Запознајте ја Мелек – Девојчето кое глуми за Оскар од серијата “Мајка” или “Се викав Мелек”

По првата епизода, малата Мелек ги освои симпатиите на публиката. Берен Гокилдиз има само 8 години и е вистинска ѕвезда. Мала, но сјајна ѕвезда. Во неверојатно тешката приказна за семејно насилство, девојчето глуми со секој свој атом, со секоја своја клетка. Глуми убедливо. Животно. Силно. Глуми толку вистински со што секоја нејзина солза предизвикува море од солзи кај гледачите кои со задоволство започнаа да ја следат нејзината приказна на Сител телевизија.

Берен е родена на 20 септември 2009 година. Оди во училиште и е второ одделение. Не ја сака математиката, но затоа го сака англискиот јазик и се обидува да го совлада.
Кога ќе порасне, сака да биде гимнастичарка или пливачка. За нејзиниот ангажман во тв серијалот “Се викав Мелек”, малата глумица ќе каже дека сите во училиште имале разбирање за нејзиното отсуство во текот на снимањата, и дека на сите им се допаѓа нејзината глума во играната сага за девојчето кое е робинка на семејните малтретирања.Во врска со серијата, ќе каже : – Моја омилена сцена е онаа на автобуската станица. Една од најпотресните сцени е онаа во која Мелек е спакувана во кеса за ѓубре. Но, не ми беше тешко да дишам затоа што кесата имаше дупки за тоа.
Инаку за време на снимањата, таа била постојано во друштво на психолог кој одлично ѝ ги доловил сите ситуации околу приказната, за малото дете да не го сфати целиот тој семеен неред трауматично за тие години.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *