Еве како изгледа Јасемин од „Вљубениот ерген“ во последните месеци од бременоста (фото) - Tvserijali - Soprevod

Еве како изгледа Јасемин од „Вљубениот ерген“ во последните месеци од бременоста (фото)

Убавата актерка Синем Мустафа Услу или попозната како Јасемин од „Вљубениот ерген“ наскоро ќе стане мајка. Синем (33) минатата година се омажи по третпат, но по се изгледа дека овој пат во љубовта и цветаат ружи. Таа е доста активна на социјалните мрежи и постојано на своите следбеници им покажува колку хармоничен љубовен живот има. Сепак, се досега беше таинствена дека е во блажана состојба, а деновиве преку својот профил го покажа нараснатиот труднички стомак додека нејзиниот сопруг го бакнува. Турските медиуми пишуваат дека убавата актерка ќе стане мајка на близнаци и тоа две момчиња кои ќе се викаат Кемал и Мустафа. Инаку, ова ќе биде трет брак на актерката. Првпат се омажи во 2008 година, а бракот траеше две години. Потоа повторно се омажи во 2013 година, а тој брак траеше само една година. По се изгледа ова е трета среќа со продуцентот Мустафа Услу со кој се венчаше во 2016 година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *