Дефне од „Вљубениот ерген“ се сврши, а ова е нејзиниот избраник (фото) - Tvserijali - Soprevod

Дефне од „Вљубениот ерген“ се сврши, а ова е нејзиниот избраник (фото)

Познатата турска актерка Елчин Сангу, која ја паметиме по улогата на Дефне од серијата „Вљубениот ерген“, присуствуваше не еден концерт заедно со пријателите и момчето Јанус Озгикен. По концертот, актерката ја чекаа новинарите на кои таа им откри интересни детали од својот приватен живот. Плановите за летување вели дека ги променила поради политичката состојба во Турција. Актерката која го поддржува Екрем Имамоглу, противникот на Ердоган, го одложува одморот поради повторното гласање. -Засега не планираме ништо поради изборот на градоначалник на Истанбул бидејќи повторно треба да се гласа. Се зависи од тој датум, вели Елчин.На прашањето за приватноста, како и тоа дали планира свадба, Елчин одговара: -Јас ништо не планирам. Мислам дека е непотребно да се брза за брак доколку се е во ред со врската. Исто така не сум традиционална личност. Не фантазирам за свадба. Мени би ми одговарала мирна вечера во присуство на најблиските и пријателите. По оваа изјава, Елчин изненади дека веќе е свршена со своето момче Јанус. -Таа свршувачка веќе се случи. Така што во таа смисла сум мирна. Датум за свадба не е одреден, ќе видиме, завршува убавата и популарна турска актерка.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *