Демет Оздемир: „Моето срце е слободно“ - Tvserijali - Soprevod

Демет Оздемир: „Моето срце е слободно“

Актерката Демет Оздемир даде кратко интервју за турските медиуми.
Пред две вечери, актерката беше забележана во ресторан во областа Бебек. Потоа, таа имаше краток разговор со претставници на медиумите. Во него, меѓу другото, зборуваше и за нејзиниот приватен живот и плановите за во иднина. Демет зборуваше и за тоа како се чувствува за забава во клубовите за време на пандемија. Оздемир истакна дека се чувствува многу вознемирена од земјотресот во Измир и дека ситуацијата со коронавирусот ја прави уште понервозна. Без оглед на сè, тaa се обидува целосно да се концентрира на работата. Серијата во која таа ја игра главната улога покренува важни прашања за човековите права и таа е многу горда што е дел од таа приказна.

На прашањето за нејзиниот приватен живот, актерката со насмевка одговори: „Моето срце е слободно“.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *