Демет Оздемир за нејзината врска со Џан Јаман - Tvserijali - Soprevod

Демет Оздемир за нејзината врска со Џан Јаман

Демет Оздемир вчера одговори на новинарските прашања.
Меѓу другото, новинарите беа најзаинтересирани за нејзиното мислење во врска со целокупната состојба со Озан Гувен и нејзината врска со колегата Џан Јаман. Кога станува збор за Озан Гувен, актерката рече дека веќе го истакна своето мислење, дека е апсолутно против секое насилство и дека нема што повеќе да додаде на таа тема. На прашањето од новинарите за нејзината врска со Џан и нивната тековна врска, Демет побрза да го заврши интервјуто. Таа рече дека е уморна од тоа прашање и дека не останува ништо од таа врска.

Младата двојка долго време е во центарот на вниманието и секоја вест за нив внимателно се следеше, како во турските медиуми, така и пошироко.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *