Весело лето со малечката хероина и „Мојот вујко“ на Сител - Tvserijali - Soprevod

Весело лето со малечката хероина и „Мојот вујко“ на Сител

Нова играна серија со возбудлив заплет и неброени комични ситуации. Дамнешна трагедија за исчезнувањето на најмалиот член на едно семејство, ќе предизвика голема тага и исчекување дека низ годините мистеријата ќе биде решена. Сите обиди да се пронајде исчезнатиот Тарик ќе останат безуспешни, сè доека после 25 години судбината сама не го доведе на прагот од неговото загубено семејство. Во сета таа приказна , главниот двигател на настаните е малечката хероина која ја познаваме од брилјантната улога во серијата “Се викав Мелек”, а која сега го игра ликот на Пелин, внука на Тарик. Наскоро, не пропуштајте да запливате во водите на позитивните семејни сплотености, мали недоразбирања и големи мигови на среќа, смеа и радост. Бидете со нас и дознајте го стартот на “Мојот вујко”.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *