Бурак и бремената Фахрие беа на зимување, но мораа да се вратaт поради нејзиното здравје, сега лежи во болница - Tvserijali - Soprevod

Бурак и бремената Фахрие беа на зимување, но мораа да се вратaт поради нејзиното здравје, сега лежи во болница

Овие денови се појави веста дека турската актерка Фахрие Еваџан, која е во седмиот месец од бременоста, се разболела и завршила во болница. Новинарите го пречекаа Бурак и неговата мајка пред излезот на болницата, а еве што кажаа за тоа на турските новинари: -Поради настинка сме тука. Не е ништо страшно. Ќе излезе од болница, изјавил идниот татко. Брачната двојка Озчивит беше на зимување во Карталкај, кога Фахрие се разболела, па веднаш го прекинале одморот и се вратиле во Истанбул. Се пишува дека Фахрие веќе неколку дена е во болницата.


Мајката на Бурак исто така дала изјава и кажала дека нема потреба за грижа.На прашањето дали е во болница поради предвремено породување, Џејхан одговорила:-Нема ништо такво, се е во ред со неа и со бебето. Сепак, изгледа дека настинката не била така лесна како што изјавија штом ја задржале во болница.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *