Бали бег го преврте цел Истанбул за да ја најде омилената слива Ерика!!! - Tvserijali - Soprevod

Бали бег го преврте цел Истанбул за да ја најде омилената слива Ерика!!!

Како што е познато, според некој непишан закон, бремената жена не го препознава природниот поредок на созревање на овошјето и зеленчукот, бидејќи тие обично сакаат да го јадат токму она на што сезоната му поминала.Сепак, во супермаркетите денес може да се најдат овошје и зеленчук и кога не им е времето, но се чини дека таков случај не е со сливата Ерика, во што и харизматичниот Бали-бег се убеди овие денови.
Ерика е еден вид турска слива, која расне во источна и јужна Анадолија, и зрее од август до крајот на октомври. Затоа, тешко е истата да се најде во декември.Но желбата на Фахрие за Бурак е заповед, па тој тргназа да ја исполни нејзината желба, да ги посетува мегамаркетите и пиљарите во петнаесетмилионскиот Истанбул. Таблоидите тврдат дека потрагата траела неколку часа, но на крајот сепак била успешна зашто Бали бег, сливите ги пронајде!
Прекрасниот Бали-бег едноставно сонува за среќа и ништо не е тешко за него да направи за својот нероден син, за кого веќе го избрале своето име, но не сакаат да им го откријат на новинарите.

Но, кога на новиот џип на Фахрие, кој го добила од својот сопруг на подарок, се појавиле таблички со натпис Кар (снег), сите заклучиле дека тоа е името што го избрале за своето дете.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *