Вчера на Канал 5 беше шокантното финале на „Украден живот“ ВИДЕО

За кого започнува, а за кого завршува животот ?


На 13 декември, на Канал 5 телевизија точно во 19:45 часот ќе се емитува последната епизода од турската хит серија “Украден живот”. Серијата која трета телевизиска сезона се емитува на Канал 5 телевизија, стана една од омилените телевизиски содржини за љубителите на сапунските серии. Многу драма, хумор, забава, но и солзи ве пратеа три години со јунаците од вашата “Украден живот”.

И сега… доаѓа време да се збогуваме со омилените Ефсун, Бахар, Атеш, Арда, Хулија. Финале кое буквално ќе ги запрепасти сите гледачи на новелата, финале кое ќе остане засекогаш запаметено кај оние што со задоволство ја следеа сагата за семејството Атахан.

Крајот на драмата ќе донесе разврска каква што никој не ни може да замисли. Во моментот кога сѐ се чини готово, токму во тој момент кога среќата е на прагот на сите ваши омилени ликови… еден истрел и една трагедија ќе го смени текот на разврската.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *