6.200 евра чини реклама за време на султанката “Косем”во Бугарија - Tvserijali - Soprevod

6.200 евра чини реклама за време на султанката “Косем”во Бугарија

Турските серии очигледно 10 години по ред се најбараната, најгледаната и најскапо платената телевизиска програма на балканските телевизии. И по скоро 10 години емитување, тие се на врвот на гледаноста во Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Хрватска.Најгледаниот термин на бугарските телевизии е терминот од 20 часот кога се емитува турска серија на бугарската телевизија bTV. Па така, доколку некој сака да се рекламира за време на турската серија на оваа телевизија, треба да плати 6.000 евра за 30 секундна реклама. Во моментов се емитува “Не се откажувам!”, а за една недела продолжува историската драма “Косем” кога огласувачите треба да платат и над 6 ијади евра доколку сакаат нивниот производ да се рекламира во терминот на Косем.


За време на турски серии кои не се емитуваат во прајмтајм, цените за рекламирање се пониски. Па така, во Бугарија реклама за време на емитување на “Вљубениот ерген” чини над 1500 евра, а за време на “Карасевда” триесет секунди ќе ве чинат 600 евра. На конкурентската Nova, цените за рекламирање за време на турски серии не се така високи, но затоа пак се високи цените за реклама во реално домашно шоу. /tvpaket.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *