Џан Јаман во ЛГБТ серија?!

Турскиот актер Џан Јаман повторно отпатува во Италија со желба подобро да се подготви за снимањето на серијата Сандокан.
Покрај таа серија, Џан ќе се појави и во Италија во друг проект. Тоа е серија која ќе го претстави животот на геј лице, член на ЛГБТ заедницата. Во наредниот период ќе се знае повеќе за заплетот на серијата, но и за улогата што Јаман ќе ја има во тој проект.

Џан Јаман моментално се подготвува за серијата Сандокан. Актерот мораше да посетува часови по мечување и јавање. Снимањето на серијата ќе започне само во септември, па Џан ќе има доволно време да се подготви добро за новата улога. Серијата Сандокан ќе се снима во Малезија, Карибите и Мексико.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *