Џансу Дере вљубена во славниот Омер од серијата „Љубов и пари“(фото) - Tvserijali - Soprevod

Џансу Дере вљубена во славниот Омер од серијата „Љубов и пари“(фото)

Една од најубавите турски актерки Џансу Дере која нашата публика ја памети по улогата на Сила го крие својот приватен живот како змија нозете , но медиумите успеале да дознаат кој е нејзината нова љубов.Веќе извесно време турските таблоиди се преполни со текстови за тоа дека е родена љубов помеѓу двајца популарни актери, Енгин Акјурек (36), Омер од „Љубов и пари“ и заносната Џансу Дере (37), мистериозната Фирузе од „Сулејман Величествениот и Сила од истоимената серија.Турските медиуми тврдат дека вљубената двојка почнала заедно да живее, поточно дека Џансу се преселила од европскиот дел на  Истанбул во вилата на Енгин која се наоѓа на анадолската страна. Наводно биле видени во една слаткара како се хранат меѓусебно (што е несфатливо за Енгин), но тоа, за жал, анонимниот очевидец не го овековечил со неговиот телефон.
И Џансу и Енгин се слободни како птици на гранка, па со право се поставува прашањето од каде толкав интерес за нивната врска.Причината во суштина е таа изразена затвореност и на едниот и на другиот кога станува збор за приватниот живот. За Енгин толку малку се знае што се добива впечаток дека никогаш не бил вљубен ниту пак имал девојка.Секако, од време на време во медиумите се појавуваа „љубовни приказни“ поврзани со згодниот актер, но секогаш се завршувало така што се дознавало дека сите натписи биле плодови на новинарската имагинација или пак амбициите на некоја старлета да се најде на насловните страна. И тој секогаш остро ги демантирал таквите стории.Последната љубов на убавата Џансу бил турскиот шоумен Џем Јилмаз со кој дефинитнво се разделила во 2011 година затоа што ја изневерил со нејзината најдобра пријателка Аху Јагту (40), Џандан од серијата „Парампарче“.
По тој жесток удар Џансу се свртела кон нејзината голема страст – патувањето и згрижувањето на напуштените мачки.


When he hates to pose !

A post shared by Cansu Dere (@cansudere) on

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *