Љубовниот живот на „Истанбулската невеста“ е позаплеткан и од турска серија!

Нејзината љубовна приказна е покомплицирана и од заплетот на највозбудливите турски серии, а присутна е дури и лоша свекрва. Според турските медиуми, ѕвездата од серијата „Истанбулската невеста“, Асли Енвер конечно се свршила со музичарот Мурат Боз, а објавени се и фотографии на кои се гледаат Асли и Мурат како носат венчални прстени. Патот до свршувачката за Асли не беше лесен. Асли и Мурат се запознале и се заљубиле на снимањето на филмот „Мојот брат“ во 2016 година, една година откако актерката се разведе од манекенекенот Биркан Сокулу. Потоа, разочарана од својот поранешен сопруг, таа изјави дека повеќе не верува во љубовта. Таа се премисли кога го запозна Мурат. Никогаш не криеше колку е за вљубена, честопати изјавувајќи дека Мурат е вистинскиот и дека се гледа себеси како мајка на нивните деца во иднина. Сепак, Мурат ја остави под изговор дека не е подготвен за брак, го смени телефонскиот број замина за Мајами каде живее неговата поранешна сопруга. По неговото заминување, актерката се иселила од заедничкиот стан во Истанбул, обидувајќи се да ги залечи раните со работа. Сепак, на почетокот на јануари, двојката се помирила, наводно по настојување на музичарот, молејќи ја да му прости. Сега се шпекулира дека актерката всушност го прифатила помирување со Мурат под услов тие да стапат во брак. По помирувањето, двојката одлучи да не зборува јавно за нивната врска, и така ниту тие ја потврдија, ниту ја демантираа веста за свршувачката.”Сe што е во љубовта е за љубовта. Убаво е да се сака и да се биде сакан. Само љубовта е збор кој грее. За да ја заштитиме нашата врска, решивме да не зборуваме за тоа. Но, можам да кажам дека: ако не се сакавме многу, немаше да бидеме заедно” – рече Мурат. Иако помирувањето со Мурат на Асли и донесе радост во нејзиниот живот, таа се најде повторно во непријатна ситуација. Сите напори за помирување ги направила и мајката на Мурат, Надрет, но ситуацијата се променил, а наводно била тажна кога раскинале, но сега им работи зад грб, баш како во серијата. Исто така, Асли се најде во непријатна ситуација кога нејзината помошничка одлучи да ја тужи за мобинг и неисплатена плата. Иако поминаа неколку месеци по пишувањата дека Асли најпосле има верненички прстен на раката, свадбата со пејачот се уште не е на повидок.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *