Јасемин од „Вљубениот ерген“ брои ситно до раѓањето на близнаците – „baby shower“ забавата е како од бајките (фото)

Убавата турска актерка Синем Мустафа Услу или попозната како Јасемин од „Вљубениот ерген“ брои ситно до породувањето на близнаците.Синем (33) минатата година се омажи по третпат, а ова ќе биде нејзината прва рожба.Таа е доста активна на социјалните мрежи и постојано на своите следбеници им покажува колку хармоничен љубовен живот има, како и тоа колку нарасна нејзиниот труднички стомак. Синем ќе стане мајка на две момчиња кои ќе се викаат Кемал и Мустафа.Сега, неколку дена пред породувањето, по светските трендови, таа одганизираше „baby shower“ забава која изгледа бајковито. Фотографиите се од нејзиниот Инстаграм профил каде таа ги извести своите следбеници. Инаку, Синем првпат се омажи во 2008 година, а бракот траеше две години. Потоа повторно се омажи во 2013 година, а тој брак траеше само една година. По се изгледа ова е трета среќа со продуцентот Мустафа Услу со кој се венчаше во 2016 година и прв во кој ќе добие потомство./Фото







Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *