„Шехерезад“ во припиен кожен фустан на премиера со сопругот „Онур“

Бергузар Корел моментално е посветена на промоција на својот нов филм „Baska Ihtimal“. На прикажувањето на филмот во Истанбул, 36-годишната турска актерка се појави во припиен кожен фустан. Корел, која е позната по улогите на Шехерезад од „1001 ноќ“ и Азизе од „Далеку од дома“, доби бројни комплименти за новата кратка фризура. Таа има нов партнер кога е во прашање професијата пред камера, а овој пат наместо нејзиниот сопруг Халит Ергенч, таа улога му припадна на турскиот актер Енгин Акјурек. Таа позираше со својот колега Енгин со кого глуми во филмот. На претходна свеченост посветена на новиот проект, Бергузар ја доби поддршката од својот сопруг Халит.








Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *