Хурем Султан: Ме камшикуваше јавно и ми се смееше в лице

Турската актерка со германско потекло, Мерјем Узерли на 19-годишна возраст била јавно камшикувана во Дубаи, откако прошетала полугола во градот.
„Мислев дека нема силно да ме удираат, ама беше ужасно. Не ми се веруваше што преживувам. Мажот што ја извршуваше оваа налудничава казна ми се смееше в лице. Тоа ме доведе до лудило“, рекла Мерјем во едно интервју.
Оваа 34-годишна актерка, која стана популарна со улогата на Хурем во серијата „Сулејман величествениот“ имала тежок живот. Таа вели дека не може да ја пронајде својата сродна душа и за тој свој проблем зборува јавно.
„Мислев дека го најдов вистинскиот кога започнав врската со Кан Атес. Останав бремена, а тој ме принудуваше да абортирам“, рекла таа.


17 години постариот бизнисмен сакал да ја натера да абортира, бидејќи веќе имал две деца од претходните бракови. Мерјем го оставила и ја родила ќерката Лара, која ја смета за своја најголема среќа во животот. По Кан имала уште една сериозна врска. Актерката се свршила, но никогаш не се венчале.
„Сакам да пронајдам вистинска љубов“, рекла таа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *