Ханде Ерчел потпиша нов договор

Актерката Ханде Ерчел е една од најбараните и најпопуларните јавни личности во Турција во претходниот период.
Улогата во серијата Чукај на мојата врата секако придонесе многу за сето тоа. Ханде стана турска актерка со најголем број следбеници на Инстаграм. Нејзиниот профил го следат над 18,6 милиони луѓе. Популарноста носи и нови понуди од маркетинг карактер. Ерчел штотуку потпиша нов договор. Овој пат, актерката стана заштитно лице на познатата марка за пасти за заби – Сигнал.

Ханде Ерчел истакна дека насмевката е главното оружје на секоја жена и дека и е драго што учествува во ваква позитивна кампања.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *