(ФОТО) Ѕвездата на серијата „Јазол“ – Ибрахим Челикол открива: „Бурниот живот со жените заврши кога се оженив“

Актерот бил во врска и со партнерката од “Ифет”. Ибрахим Челикол, згодниот 36. годишен турски актер, имавме можност да го запознаеме како главна машка улога во сериите „Татко и синови“, „Ифет“, „Милост“ и „Специјалци“, а во моментов го гледаме во новата викенд серија „Јазол” која се емитува на Сител телевизија.
Во турската јавност е познат по многуте љубовни врски, меѓу кои и еден пропаднат брак и најновото брачно остварување со сопругата Мире Мутлу.Во продолжение проследете го интервјуто, во кое на интересен начин зборува за работата и приватноста: Многумина ќе речат дека дека си луда глава. Кои се твоите граници во ова
лудило?
-Јас сум еден од оние кои сакаат слобода. Кога ќе ми порасне адреналинот, тогаш не постои ограничување, граница на мојата лудост. Со годините станувам се’ полуд и без памет. Која фраза ти паѓа на памет кога е во прашање твојот живот?
– Прифати го животот сериозно. Живеј онака како што ти душа сака, бидејќи животот е краток.

#siyahbeyazaşk

A post shared by İbrahim Çelikkol (@ibrahimcelikkol41) on

Дали си дружељубив?– Сакам да бидам со луѓе, да го споделувам своето време со нив, да кумуницирам, да бидеме заедно во добри и лоши времиња…. Што сакаш да правиш кога си со пријателите навечер излезен? – Порано да ме прашавте, ќе одговорев на друг начин. Сега немам ноќен живот. Откако се оженив изминатово лето, целосно се посветив на сопругата, на семејниот живот и секако на професијата. Затоа можам да кажам дека слободно време за ноќно излегувања речиси и немам.

• g ü n a y d ı n

A post shared by İbrahim Çelikkol (@ibrahimcelikkol41) on

Дали ја сакаш глумата? Дали планираше да станеш актер?
-Отидов со еден пријател на кастинг, и не ми падна на памет дека ќе ја добијам главната машка улога уште во 2008та година во една нарко крими серија. Сѐ тоа беше сосема случајно. Но, глумата не е случајност или спонтаност. Треба многу труд и работа, вложувања, многу напор, одрекување и висока концентрација.Работата е емотивна, но човекот не би требало да ги пренесува своите емоции ненамерно. Понекогаш имам желба да оставам сѐ, да се откажам. Но, тогаш нешто во тебе не ти дава мир, не можеш да се откажеш. Тогаш продолжуваш со уште поголема желба. Јас во својите улоги внесувам најмногу од себе. Незабележливо, имам желба да учествувам во мјузикал или претстава. Претпоставувам дека ова е сон на секој актер, да се најде со својата публика лице во лице и да им се предаде на своите емоции.

İyi pazarlar!

A post shared by İbrahim Çelikkol (@ibrahimcelikkol41) on

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *