(ФОТО) Преслаткиот Алас многу личи на Харун, но неговиот вистински син е чиста копија! - Tvserijali - Soprevod

(ФОТО) Преслаткиот Алас многу личи на Харун, но неговиот вистински син е чиста копија!

Гледачите на турската драма „Парампарче“ сигурно ќе се сложат дека серијата има одличен кастинг на актери.
Хазал личи на Дилара, Џансу на Озкан, Алас на Харун…
Токму поради тоа, но и секако поради неверојатното сценарио, серијата руши рекорди на гледаност, не само кај нас туку и многу пошироко на Балканот и во Европа.


Познатиот турски актер Бариш Фалај (45), или Харун, блесна во улогата на садистички настроениот Али Керпетен во „Езел“, а по тоа оствари во низа одлични ликови во ТВ сериите и филмовите.
Но Бариш не е само добар актер, тој е лојален сопруг и посветен татко. Тој е во брак со турската актерка Есру Ронабар (39) со која се венчале на 7 јули 2006 година, а во 2009 година на светот пристигна нивниот син за кого мајката го одбрала името Мави Рузгар.

Тоа Мави (сино) е прекарот на неговиот татко кој пријателите така го нарекле поради преубавите темносини очи.
Бариш не го пропуштил величествениот момент на доаѓање на неговиот син на светот. -Татковците не ги носат бебињата, природата тоа им го додели на мајките, па заклучив дека барем моментот на раѓање можам да го споделам со Есра. И така се најдов во породилна сала. А кога денес сакам да ја налутам сопругата и велам:„Јас прв го видов бебето“. Секако, се расплакав кога толку малечок за прв пат го земав во раце“, објаснува актерот и подвлекува дека дома е само добар сопруг и татко.
Иако има улога на негативец, Харун сепак ги освои симпатиите на гледачите. До крајот на „Парампарче“ остануваат уште неколку епизоди кои ќе бидат највозбудливите, а ќе се случи она што најмалку очекувате.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *